Утрински Весник
Македонија

Мигрантите поминувале низ Македонија – разбиена голема мрежа за криумчарење лица од Куба во ЕУ

Мигрантите поминувале низ Македонија – разбиена голема мрежа за криумчарење лица од Куба во ЕУ

Српските власти по неколкумесечна заедничка истрага со полициските службеници на Кралството Шпанија и со поддршка на ИНТЕРПОЛ, ЕВРОПОЛ и СЕЛЕК, уапсија двајца припадници на меѓународна криминална група за организирана криминална група од Србија поради постоење прекршок илегален премин на граница и криумчарење луѓе, кои минувале низ Македонија.

dobivaj vesti na viber

„На територијата на Србија се уапсени В.Ш. (1956) и М. Ш. (1990), додека на територијата на Шпанија се уапсени 18 членови на оваа организирана криминална група. Се сомнева дека од октомври 2022 година до април годинава, со намера да прибават противправна имотна корист, на најмалку 53 илегални мигранти, кубански државјани, им овозможиле нелегален влез во Шпанија, злоупотребувајќи го безвизниот режим за влез на кубански државјани во Србија, организирале илегален премин од Србија во Македонија или БиХ, а потоа во Шпанија. се вели во соопштението и се додава:

„Кога полицијата изврши претрес во станот и другите простории на осомничените В.Ш. и M.Ш. пронајде и привремено одзеде четири мобилни телефони, патничко моторно возило, 600 евра и 300 долари, како и шест писма, две потврди за трансфер на пари и две патни исправи. Осомничените се приведени“.

Мигрантите на криминалците плаќаче по 9.000 евра.

Можете да прочитате

Царинска управа: спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне

ВМРО-ДПМНЕ: Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија и ги направи најголемите национални предавства 

Трајчулески: Тоа што Мицкоски е разочаран од Конгресот е добра вест за СДСМ