Утрински Весник
Спорт

Рованпера со историска доминација на Естонското рели

Рованпера со историска доминација на Естонското рели

Светскиот шампион, Кале Рованпера комплетираше една од најдоминантните победи во неговата Рели ВРЦ кариера, триумфирајќи по третпат на Естонското рели за да го зголеми водството во генерален пласман.

dobivaj vesti na viber

Возачот на Тојота до својата втора победа оваа сезона стигна со предност од 52.7 секунди пред Белгиецот Тјери Нојвил во Хјундаи откако имаше низа од неверојатни 13 етапни победи во низа. Тој ги освои максималните поени по победата и на „пауер“ етапата, со што го повтори успехот на Себастиен Леб, кој во 2005 победи на 12 етапи за триумф на Корзика релито.

Есапека Лапи заврши на третото место, додека четврт беше Велшанцот Елфин Еванс, кој е втор во генерален пласман со 115 поени, 55 зад Рованпера. Осумкратниот светски шампион, Себастиен Ожие не учествуваше на оваа трка со својот скратен календар. До крајот на сезоната има уште четири трки, почнувајќи со Финското рели за две недели.

„Ова беше важна трка за мене, посебно за борбата во генерален пласман. Естонија е моето омилено рели на календарот и затоа не сакав да ризикувам ништо“, вели Рованпера.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина