Утрински Весник
Спорт

(Видео) Сити се вратија за 5:3 победа над Јокохама

(Видео) Сити се вратија за 5:3 победа над Јокохама

Актуелните англиски и европски шампиони, Манчестер сити во својот прв тест-натпревар ова лето, стигнаа до интересна 5:3 победа на Јокохама Ф. Маринос.

dobivaj vesti na viber

Тимот на Пеп Гвардиола започна лошо, дозволувајќи јапонскиот клуб да дојде до 0:2 водство со головите на Андерсон Лопеш во 27. минута и на Кен Мацубара десет минути подоцна. Но, до крајот на полувремето Сити израмни – Хулијан Алварез во 40. минута му асистираше на Џон Стоунс, за три минути подоцна Аргентинецот да постигне гол.

По промената на целиот состав на стартот на второто полувреме, Ерлинг Халанд во 52. минута ги донесе „граѓаните“ во водство, пред Родри во 72. минута да зголеми на 4:2. Кента Инуе намали на 4:3 во 86. минута, за Халанд со вториот гол во 92. минута да ги постави конечните 5:3.

Можете да прочитате

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија