Утрински Весник
Спорт

(Видео) Манчестер јунајтед подобар од Арсенал во Њу Џерси

(Видео) Манчестер јунајтед подобар од Арсенал во Њу Џерси

Манчестер јунајтед ја започнаа својата американска турнеја со 2:0 победа над Арсенал на „МетЛајф стадионот“ во Њу Џерси, во меч во кој блесна новиот капитен на „ѓаволите“, Бруно Фернандеш.

dobivaj vesti na viber

Тој го отвори резултатот во првото полувреме, по што Џејдон Санчо, во улога на „деветка“ во тимот на Ерик Тен Хаг зголеми на 2:0. Том Хитон беше на голот на местото на новиот голман Андре Онана, и имаше две одлични одбрани, додека Мејсон Маунт стартуваше. Кај Арсенал во тимот беа и трите нови засилувања, Каи Хаверц, Џуриен Тимбер и Деклан Рајс.

И покрај резултатот на мечот пред 82 илјади гледачи, по крајот имаше изведување на пенали. Јунајтед и тука беа подобри со 5:3 со успешни голови од Касемиро, Далот, Линделоф, Рашфорд и Ериксен, а Фабио Виеира го утна клучниот обид за Арсенал.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина