Утрински Весник
Спорт

Ал-Хилал понуди 100 милиони евра за Мбапе

Ал-Хилал понуди 100 милиони евра за Мбапе

Пари Сен Жермен објави дека Килијан Мбапе е на продажба и веднаш пристигна грандиозна понуда од Саудиска Арабија, објави „Л’Екип“. Саудискиот клуб Ал-Хилал, кој се обиде да ги доведе и Меси и Нејмар, понудил 100 милиони евра отштета за ПСЖ, а за француската ѕвезда огромна плата.

dobivaj vesti na viber

Понудата е за една година, по што напаѓачот на слободен трансфер би се пресели во Реал Мадрид.

ПСЖ синоќа донесе одлука дека Килијан Мбапе нема да патува со тимот на турнеја во Јапонија. Тој не сака да потпише продолжување на договорот со „светците“, а во таква позиција ПСЖ едноставно мора да го продаде до крајот на летниот преоден рок затоа што следното лето би заминал бесплатно.

 

Можете да прочитате

Заврши првата фаза на Европското првенство во ватерполо

ЕХФ ЕУРО 2026: Македонските ракометари на мегдан со кодомаќинот Данска

Мурињо го коментираше поразот од Порто