Утрински Весник
Економија

Средба Ангеловска-Бежоска – Паолучи за новата Рамка за партнерство со Светската банка

Ангеловска-Бежоска: Затегнување на монетарната политика за стабилизирање на инфлациските очекувања

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска оствари средба со директорот на Канцеларијата на Светска банка во земјава, Масимилијано Паолучи, во рамки на консултациите по повод новата четиригодишна Рамка за партнерство со Светската банка. На средбата од страна на претставниците на Светската банка се разговараше за подготовката на новата Рамка за партнерство која има за цел поддршка за постигнување на инклузивен, одржлив и зелен раст на домашната економија. Народната банка, како еден од клучните носители на економски политики, дава поддршка при конципирањето на стратешките документи кои имаат за цел да придонесат кон подобрување на структурата и јакнењето на потенцијалот за раст на нашата економија. Притоа, Народната банка во континуитет има активна и успешна соработка со меѓународните финансиски институции, како Светската банка.

dobivaj vesti na viber

На средбата се разговараше за главните достигнувања, но и предизвици за развој на нашата економија, како што се продуктивноста, фискалната одржливост, човечкиот капитал, инфраструктурата, прилагодувањето кон климатските промени и добро управување со институциите. За време на средбата се дискутираше и за развојот на човечкиот капитал, како од аспект на квантитетот (вклученоста во работната сила), така и од аспект на квалитетот (вештините и продуктивноста), подобрувањето на пристапот до пазарите како и до финансиите, особено за малите и средни претпријатија, унапредувањето на инфраструктурата, како и справувањето со климатските предизвици и забрзувањето на зелената транзиција. Тоа би ја помогнало транзицијата на нашата земја кон конкурентен, одржлив и инклузивен модел на раст, кој ќе креира повеќе и подобри работни места, додека се одвива пристапниот процес кон ЕУ.

Од страна на гувернерката беше истакнато дека спроведувањето на структурните реформи во македонската економија и подобрата искористеност на трудот, капиталот и продуктивноста се единствениот начин за зголемување на потенцијалот на раст на нашата економија и забрзување на конвергенцијата. Оттука правилното утврдување на приоритетите, заедно со поддршката од меѓународните финансиски институции, како што е Светската банка за нивно исполнување се од клучно значење за економскиот напредок на нашата економија.

 

Можете да прочитате

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Денови на финансиска писменост – 24info.mk