Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Владата кратела пари од правосудството и си доделувала на себе, открива новиот ревизорскиот извештај

Влада: Одлуката на Судот во Стразбур е во корист на државата
300x250 opst2

Владата ги скратила парите кои законски им следуваат на судовите и обвинителствата, а себеси си доделила 2,5 пати повеќе. Ова се дел од наодите до кои дошла ревизијата на основниот буџет на државата за 2022 година спроведена од Државниот завод за ревизија.

dobivaj vesti na viber

Судската власт добила околу 40 милиони евра,  додека Обвинителството добило  над 10 милиони евра, што е половина од тоа што им следува согласно законот.

„Средствата кои се издвојуваат за финансирање на Судската власт во износ од околу 2,3 милијарди денари претставуваат 0,3% од БДП и истите се за 63 отсто помали од законски утврдениот лимит, додека за Јавното обвинителство одобрените средства во износ од околу 643 милиони денари претставуваат 0,21 отсто од средствата на Буџетот за 2022 година, иако согласно Законот за јавното обвинителство висината на средствата за работа треба да изнесуваат најмалку 0,4% од буџетот на државата, доколку со тоа не се нарушува праведната распределба на буџетските средства“ констатирал ДЗР.

Законот за судскиот буџет, во членот 4 утврдува дека буџетот на Судската власт треба да изнесува најмалку 0,8% од Бруто домашниот производ (БДП).

Но, откако е воведена оваа одредба, ниту еднаш не е испочитувана од ниту една влада. Така било и лани, покажува конечниот ревизорски извештај на основниот Буџет на РСМ, кој денеска го објави Државниот завод за ревизија.

Можете да прочитате

Левица: Премиере, наместо манипулации за Левица, објаснете зошто не покренувате постапка против Заев и како го амнестиравте Груби

Одобрен во целост обвинителниот акт за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Алиу: Дефинираме десетгодишна национална стратегија за човечки капацитети, во здравството е потребно долгорочно планирање