Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) И деца со дијабет протестираа кај Меџити, со транспарент во раце побараа да им се набави терапија

(Видео) И деца со дијабет протестираа кај Меџити, со транспарент во раце побараа да им се набави терапија
Img 7972

Со пакети вода, на жешкото време, пациенти со дијабет излегоа на протест за да ја побараат терапијата која Министерство за здравство треба да ја набави преку тендер. Меѓу нив имаше и деца. Со трансапренти му посочија на ресорниот министер за здравство, Фатмир Меџити: „Да им го олесниме детството“.

dobivaj vesti na viber

Тие посочуваат дека имале средба на која се информирани дека е потпишан договорот за глукомери и ленти.

Димче Велев, претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари  по средбата во Министерството за здравство рече дека денес се среќни и задоволни бидејќи е потпишана одлука после пет години, децата до 18 години да добијат сензори во август месец и денес е потпишан и договорот после 7 месеци за глукомери и ленти.

„Задоволни сме од средбата. Терапијата повторно ќе си ја добиваме преку докторите без каснење, сите хронични болести не смеат да зависат од рокови, бидејки 45 000 луге не можат да чекаат дали министерот ќе потпише или не. Инсулини ќе се добиваат најиновативни и се ќе зависи од докторите. Апелираме и ги потсетуваме надлежните дека ние ќе бидеме будни. Следната недела е доволно да почне да се дели ленти барем за дијабетес тип 1“, вели Велев.

Дијабетичарите, излегоа на предупредувачки протест оти немаат терапија и со месеци се оставени без ленти и глукомери. Сојузот на здруженијата на дијабетичарите на Македонија се одлучи за протест по долго трпение, конструктивност и соработка.

Можете да прочитате

Славески: Народната банка останува цврсто посветена на ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс

(Фото) Галичник отсечен од светот, патот е затрупан и замрзнат

Царинa заплени средства за ветробрани, фалсификати, автоделови, кафе, цигари, алат, облека и друго