Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

(Видео) Мохорич со фото-финиш победа на 19. етапа на Тур де Франс

(Видео) Мохорич со фото-финиш победа на 19. етапа на Тур де Франс
300x250 opst2

Словенецот Матеј Мохорич го совлада Каспер Асгрен во фото-финиш во супер-брзата 19. етапа на Тур де Франс од 173 километри од Моран-ен-Монтањ до Полињи.

dobivaj vesti na viber

Мохорич, Асгрен и третопласираниот Бен О’Конор се одвоија од групата од 37 велосипедисти на последното искачување на 30 километри пред финишот, за потоа во фуриозна битка во последните 400 метри, Словенецот да стигне до тесна победа. Главната група заостана 40 секунди.

„Победата значи многу поради тоа колку е тешко и брутално да си професионален велосипедист. Страдаш на подготовките, се жртвуваш, немаш време за себе и за семејството“, вели 28-годишниот Мохорич, за кој ова е трета победа на ТдФ во кариерата.

Најдобрите пет во генерален пласман завршија заедно, така што актуелниот шампион Јонас Вингегард останува со 7:35 предност пред Словенецот Тадеј Погачар пред утрешната претпоследна етапа.

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН