Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ВМРО-ДПМНЕ бара да се истражи фирмата што вршела дигитализација на матичните книги

Митева: Апсењето на Тодоровиќ е очаен обид за дефокус на власта од сопствените криминали и неуспешен фолклор за притисоци за уставни измени
300x250 opst2

Безбедноста на граѓаните на Македонија е одамна загрозена и тоа се докажува преку безброј сомнителни случаи за кои нема разрешница. Скандал од вакви размери, каде што се загрозени личните податоци на граѓаните, треба да биде аларм за институциите, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање за сомнежите за злоупотреба на податоците од Управата за водење на матичните книги.

dobivaj vesti na viber

Митева истакна дека треба темелно да се истражи која е фирмата што вршела дигитализација и дали се точни наводите дека сопственикот е близок роднина на функционер од власта.

„За какви потреби се злоупотребени овие податоци и кој ќе гарантира заштита на граѓаните? Овој случај на евентуална злоупотреба на податоци уште еднаш потврдува дека власта е длабоко навлезена во криминал и корупција и што побргу се потребни избори и промена на власта, која најпрвин ќе резултира со одговорност за сторителите, а потоа со институции што ќе функционираат чесно и во интерес на граѓаните“, изјави Митева.

Можете да прочитате

Запленета дрога на автопатот Скопје-Велес

Хеско: ДПМНЕ не направи ништо за Велес, време е да им го вратиме градот на граѓаните

Филипче од Велес: Борбата на СДСМ е за достоинствен живот на работниците, на младите и пензионерите