Утрински Весник
Македонија

Фатен криминалец од Битола кој бил баран со потерница, додека го апселе ги удирал полицајците

Претепана жена вработена во управа во затворот во Бугарија, била удрена со предмет по глава

На улицата Караорман во Битола, полицијата го приведе 22-годишниот Д.Џ. од овој град кој се барал со централна потерница поради повеќе големи кражби.

dobivaj vesti na viber

Како што објави полицијата, тој бил фатен за да ја одлежи казната затвор од шест години и три месеци за разбојничка кражба, кражба на автомобил, тешка кражба и недозволено држење и трговија со оружје.

За време на апсењето, младиот криминалец физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија за што ќе му биде поднесена соодветна пријава.

Д.Џ. најпосле бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Прилеп за издржување на казната, велат од МВР.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ последниве 20 години ја делеше и ја уценуваше државата, а сега врескаат затоа што правдата чука на нивната врата

На денешен ден во 1961 година се случила премиерата на македонскиот филм „Мирно лето“

ДУИ: Реториката на Мицкоски е опасна