Утрински Весник
Македонија

(Видео) Јанчева: Универзална сала стои нечепната, да се прифати одлуката на Советот за преземање

СДСМ: Неспособната локална власт на ВМРО-ДПМНЕ не може да ја доврши Универзална сала

Универзална сала, симболот на солидарноста на Скопје, како и низа други проекти започнати од минатата локална власт на СДСМ, 20 месеци стојат в место, истакна Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Според неа, иако државата има обезбедено пари, 120 милиони денари или 2 милиона евра, Универзална сала не е чепната една и пол година.

„Неспособноста на локалната власт на ДПМНЕ во Скопје создаде хаос и нема реализирано ниту еден проект. СДСМ иако е опозиција во Советот, продолжува да работи за доброто на Скопје, за доброто на граѓаните. Советот на Град Скопје ја прифати иницијативата на советничката група на СДСМ за предавање на ингеренциите за проектот за реконструкција на Универзална сала на Министерството за култура. Сега на потег е градоначалничката на Град Скопје, која во рок од 7 дена треба да ја подготви одлуката“, додаде таа.

СДСМ, како што рече, апелира да се прифати оваа одлука на Советот и реконструкцијата на Универзална сала да ја преземе Министерството за да може овој значаен проект да биде завршен.

„Универзална е симбол на Скопје, симбол на солидарноста и по реконструкцијата таа треба да им се врати на граѓаните како важен репрезентативен објект во главниот град“, потенцира Јанчева.

Можете да прочитате

Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година