Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Андре Онана е нов голман на Манчестер Јунајтед

Андре Онана е нов голман на Манчестер Јунајтед
Img 7972

Андре Онана, 27-годишниот голман на фудбалската репрезентација на Камерун, е новиот голман на Манчестер Јунајтед, официјално објави клубот од „Олд Трафорд“. Онана дојде во Манчестер Јунајтед од Интер и потпиша петгодишен договор. Трансферот е вреден 51 милион евра со дополнителни четири милиони евра преку бонуси.

dobivaj vesti na viber

На голот на Манчестер Јунајтед, Онана ќе го замени Шпанецот Давид де Хеа, кој не го продолжи договорот со клубот во кој дојде пред 12 години.

„Да се ​​приклучам на Манчестер Јунајтед е неверојатна чест и работев напорно цел живот за да стигнам до овој момент, надминувајќи многу пречки на патот. Излегувањето на Олд Трафорд за да го бранам голот и да придонесам за тимот ќе биде уште едно неверојатно искуство. Ова е почеток на ново патување за мене, со нови соиграчи и нови амбиции за кои треба да се борам“, изјави Андре Онана.

Андре Онана помина низ фудбалската школа на Барселона и ја стекна својата репутација како голман на Ајакс, каде бранеше од 2016 до 2022 година. Потоа се пресели во Интер каде што остана кратко, но минатата година беше еден од најдобрите играчи на миланскиот клуб на патот до финалето на Лигата на шампионите.

Тој во кариерата забележа 34 настапи за репрезентацијата на Камерун.

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица