Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ до Ковачевски: Каква е поврзаноста на СДС и ДУИ со фирмата која заврши на црната листа, а која направила софтвер за следење на граѓаните

Ковачевски да не глуми паднат од Марс, префрлајќи ја вината на обвинителство без да побара оставка од Мерко, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и ДУИ се должни да дадат одговор во јавноста за тоа каква е нивната поврзаност со израелско-македонската фирма која работела на шпионскиот софтвер Предатор“, бара ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Оваа фирма САД ја стави на црната листа. Станува збор за фирмата Сајтрокс, која во Скопје го развивала шпионскиот софтвер Предатор.

„За истиот канадската универзитетска организација Ситизен Лаб откри дека се користел за незаконско следење на граѓани. Причина фирмата да биде на црната листа како што наведуваат од САД е нарушување на сајбер-безбедноста. Според САД фирмата користела софтвер за да добие пристап до информациски системи, а со тоа ја нарушувала безбедноста на поединци и организации ширум светот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Информација дека Македонија има купено софтвер за шпионажа Предатор објавија и грчки истражувачи. Од Димитар Ковачевски немаше никаква реакција. Оттука се појавуваат низа на дилеми и прашања“, се наведува во соопштението на опозициската партија.

„Јавноста мора да добие одговори на следните прашања, прво зошто јавното обвинителство молчи за овој скандал, второ, зошто Ковачевски молчи за шпионскиот софтвер, трето, дали Ковачевски можеби дал зелено светло за овој софтвер користен за следење на граѓаните?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Архитектонскиот факултет при УКИМ ќе одбележи 75 години

Ден на Академијата и доделување на признанието „Блаже Конески“ во МАНУ

Сончево со мала до умерена локална облачност, претпладне магла по одделни котлини