Утрински Весник
Македонија

Пендаровски коленичи за втор мандат, вели Мицкоски

Лидерска средба ако има согласност од двете страни, пораша шефот на државата

Претседателот Стево Пендаровски коленичи кај ДУИ и СДС за втор мандат. Вака првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го коментираше ставот на Пендаровски дека  не ги разбира аргументите на опозицијата зошто се против уставните измени.

dobivaj vesti na viber

„Ние го разбираме претседателот Пендаровски, затоа што претседателот Пендаровски во моментот, коленичи за да добие втор мандат и да биде поддржан од СДС и ДУИ и мисли дека на тој начин ќе биде повторно избран, што мислам дека му е погрешна проценка и само го губи својот образ и човечко достоинство, но, тој нека продолжи да коленичи, нас ни е важно дека сме разбрани кај повеќе од 80 проценти од граѓаните во Македонија, а дали Стево Пендаровски не разбира, тоа е негов личен проблем и можам да ви кажам дека и воопшто не ми е гајле дали Стево Пендаровски не разбира или не“ нагласи Мицкоски.

Можете да прочитате

Ристоска: Единствената цел е да се спречи конфискацијата на имотот на ВМРО-ДПМНЕ во „Талир 2“

Апелација ги потврди казните за убиствата на Вања и Панче, на Ѓорчевски одново ќе му се суди

ГРОМ: Стевче Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци