Утрински Весник
Магазин

Килијан Марфи јадел еден бадем на ден за да го добие изгледот на Роберт Опенхајмер

Килијан Марфи јадел еден бадем на ден за да го добие изгледот на Роберт Опенхајмер

Килијан Марфи јадел по еден бадем на ден за да ослабне и физички да го долови ликот што го глуми – Џеј Роберт Опенхајмер, теоретски физичар и „татко на атомската бомба“.

dobivaj vesti na viber

47-годишниот актер од популарната гангстерска драма Peaky Blinders („Бандата од Бирмингем“) одби да каже како изгубил тежина за улогата во филмот „Опенхајмер“, но Емили Блант (40) која ја глуми неговата сопруга, откри како се трансформирал.

Емили ја потретира Кити Опенхајмер во трилерот базиран на биографијата „Американски Прометеј“ од 2005 година.  „Тој имаше таков монументален потфат. И можеше да јаде само еден бадем секој ден,“ реќе таа во разговор со „Екстра“.

„Беше слаб и изнемоштен,“ додаде таа.

А Килијан, во неодамнешно интервју за „Њујорк тајмс“ рече: „Сакам да глумам со моето тело, а Опенхајмер имаше јасна физикалност и силуета, затоа сакав да постигнам некаква сличност.“

„Мораше да изгубам тежина, работевме на кроење костуми, тој бил прилично слаб…речиси изнемоштен, живеел од мартини и цигари.“

Филмот во режија на Кристофер Нолан нѐ враќа во времето кога американскиот физичар го надгледувал создавањето на атомската бомба во текот на Втората светска војна.

Опенхајмер управувал со тајна лабораторија во Лос Аламос, направена за време на мандатот на претседателот Френклин Рузвелт, како дел од проектот „Менхетен“, за изградба на првата атомска бомба. Тој го надгледувал детонирањето на првата ваква бомба „Тринити“ во пустина во сојузната држава Ново Мексико, пред да бидат бомбардирани Хирошима и Нагасаки.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста