Човекот кој помина три месеци во Тихиот Океан само со сурова риба и дождовница за да ги одржува него и неговото домашно милениче кучето за друштво, го врати кучето откако беше спасен.
Тим Шедок (54) беше пронајден жив оваа недела на катамаранот кој беше негов дом повеќе од 90 дена. Морнарот бил пријавен за исчезнат откако тргнал од мексиканскиот полуостров Баха за да го премине океанот кон Француска Полинезија.
Откако згазна на копно и влезе во пристанишниот град Манзанило во Мексико, околу 337 километри западно од неговото поаѓање, тој рече дека е благодарен што е надвор од водите преполни со ајкули.
„Се чувствувам добро. Се чувствувам многу подобро отколку што бев, ви велам“, изјави Шедок за новинарите.
Тој го спомна своето „неверојатно“ куче Бела додека им се заблагодари на капетанот и екипажот на рибарскиот брод што му го спаси животот.
„Јас сум само многу благодарен. Жив сум и навистина не мислев дека ќе успеам“, бели тој.
Со кучето „Бела“ се запознал во Мексико, татковината на Бела, но таа постојано се враќала кај него, па тој ја примил.
Но, Шедок одлучи да ја остави зад себе откако член на екипажот од бродот што го спаси, му ветил дека ќе и даде среќен и полн со љубов дом на Бела.
„Бела некако ме најде среде Мексико. Таа е Мексиканка,таа е духот на средината на земјата и не ме пушти. Три пати се обидов да и најдам дом и таа само ме следеше кон водата. Таа е многу похрабра од мене, тоа е сигурно“, изјави Шедок.