Утрински Весник
Свет

Хрватска ги понуди своите пристаништа за извоз на украинско жито

Хрватска ги понуди своите пристаништа за извоз на украинско жито

Хрватска ги понуди својата железничка мрежа и пристаништата во Јадранското Море за транспорт на украинско жито преку алтернативни патишта, соопшти хрватскиот државен секретар за политички прашања, Франо Матушиќ. Изјавата на Матушиќ дадена на состанокот на Генералното собрание на ОН за време на отворена министерска дебата за ситуацијата на привременo окупираните територии на Украина следува откако Русија ја блокира иницијативата за црноморско жито.

dobivaj vesti na viber

„Хрватска е подготвена да помогне во изнаоѓањето нови рути за украинскиот извоз на жито. Меѓу можните алтернативни рути се хрватските железници и пристаништата во Јадранското Море“, рече тој.

Според хрватскиот државен секретар, одлуката на Русија да не го продолжи договорот предизвикува закана од глад во многу делови од светот.

„Хрватска уште од првите денови на руската инвазија соопшти дека стои покрај Украина и нејзиниот народ и дека е подготвена да ја поддржува сè додека е потребно“, додаде тој.

Можете да прочитате

Масовен протест во Киев против новиот закон за статус на исчезнатите војници

Администрацијата на Трамп воведува ново правило за аплицирање за „Зелена карта“

Најмалку 90 лица загинаа при експлозија во рудник за јаглен во северна Кина