Утрински Весник
Спорт

Разочарување за „аѕурите“: Томпсон нема да игра за Италија на Светското првенство

Разочарување за „аѕурите“: Томпсон нема да игра за Италија на Светското првенство

Кошаркарот на Анадолу Ефес, Дариус Томпсон, нема да учествува на претстојното Светско првенство. Тој требаше да ги брани боите на италијанската кошаркарска репрезентација, која веруваше дека со него ќе добие значителна сила на надворешните позиции, меѓутоа, поради проблеми со пасошот, Дариус Томпсон нема да може да биде дел од составот на „аѕурите“.

dobivaj vesti na viber

Според италијанските медиуми, не се собрани сите потребни документи и пасошот нема да биде готов на време. Томпсон има право на италијанско државјанство бидејќи неговата сопруга е Италијанка.

„Аѕурите“ се надеваа дека на овој начин ќе го надоместат изборот на Паоло Банкеро да ги избере САД, но, веројатно нема да имаат среќа.

Томпсон минатата сезона беше еден од најдобрите играчи во Европа носејќи го дресот на Басконија, кој го препорача Анадолу Ефес, каде пристигна како замена за Васа Мициќ.

Италија е во група со Ангола, Доминиканска Република и со земјата домаќин Филипини.

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ