Утрински Весник
Економија

(Видео) Трендафилов прогласи победа за работниците: Денешното зголемување е едно од најголемите на платите во јавниот сектор

(Видео) Трендафилов прогласи победа за работниците: Денешното зголемување е едно од најголемите на платите во јавниот сектор

Денеска завршуваме еден процес кој трае три години, денеска исправаме една голема неправда кон вработените во јавниот сектор, да бидат без Општ колективен договор за вработените во јавниот сектор, во кој се уредуваат правата од работен однос, кажа претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов.

dobivaj vesti na viber

– Тоа што можам да го кажам во име на Сојузот на синдикати на Македонија, потпишувањето на овој договор денеска значи дека вработените во јавниот сектор на први септември, со платата од септември добиваат дополнително зголемување на платата од 10 проценти, тоа што беше наша главна заложба. Исправаме голема неправда во делот на исплатата на регрес за годишен одмор за вработените во јавниот сектор. Сите вработени во јавниот сектор имаат право на регрес за годишен одмор од 10 илјади денари заклучно со декември оваа година. Од наредната година со зголемување на просечната плата ќе изнесува најмалку 30 проценти регрес за годишен одмор, кој вработените во јавниот сектор ќе го добиваат еднаш годишно, рече Трендафилов.

Сите вработени во јавниот сектор ќе знаат начин на кој ќе им се усогласуваат и зголемуваат платите во наредниот период. Во наредната година добиваме над три проценти доколку инфлацијата се зголеми, додаде претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија.

Вработените во јавниот сектор ќе имаат право на јубилејна награда за 10, 20, 30 и 40 години, нешто што во изминатиот период го немаше.

Тие добиваат дополнителни денови за платено отсуство, нешто што не беше случај во минатото.

Општиот колективен договор е праг под кој не може ниту еден Синдикат ниту еден работодавач да оди.

Според Трендафилов за само една година платите на вработените ќе пораснат за 20 до 35 проценти.

– Денешното зголемување е едно од најголемите на платите на вработените во јавниот сектор. Тоа што го направивме денеска е победа за работниците, додаде Трендафилов.

Можете да прочитате

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“