Утрински Весник
Свет

Украина ги користела прехранбените поморски коридори за воени цели, тврди Кремљ

Украина ги користела прехранбените поморски коридори за воени цели, тврди Кремљ

Украина ги користела коридорите организирани според договорот за храна за воени цели, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ги тврдењата дека Киев можел да ги искористи овие коридори за напад на мостот на Крим на 17 јули.

dobivaj vesti na viber

„Нема да кажам ништо конкретно за ова. Но, знаете дека нашата војска постојано повторува дека Украина ги користи поморските коридори за воени цели. Дури и ако ја земеме оваа зона, така да се каже, во која се спроведува договорот за храна, повеќе не е за никого тајна, очигледен факт е дека оваа зона ја користи режимот на Киев за воени цели. Ова е многу важен аспект, што не треба да се заборави“, рече Песков.

Тој додаде дека има безбедносни ризици од договор за храна без Русија и тоа треба да се земе предвид.

„Овде, се разбира, е прашање што треба да го коментира нашата армија бидејќи тоа е зона што е директно блиску до борбените операции. И без соодветни гаранции, таму произлегуваат одредени ризици. Затоа, ако се формира нешто без Русија, тогаш овие ризици мора да се земат предвид. Не можеме да кажеме до кој степен и кои земји се подготвени да ги преземат тие ризици“, изјави Песков за новинарите.

Коментирајќи ја изјавата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен за наводното неправедно повлекување на Москва од договорот за храна, Песков нагласи дека Кремљ не се согласува со таа изјава.

„Русија ги исполни своите обврски и неколкупати го продолжуваше овој договор и покрај тоа што условите од овие договори со Русија не беа спроведени. И во тој случај односот на европските држави треба да се нарече нечесен“, рече портпаролот.

Како што наведе, раскинувањето на договорот за храна не е вина на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

„Не е виновен г. Гутереш или ОН. Ние многу ја цениме улогата на г. Гутереш во склучувањето на овие договори и ги цениме напорите на г. Гутереш во обидот да ги убеди европските земји да ги исполнат обврските што ги имаат. Но, за жал, тоа не се случи, така што зборот нечесен е апсолутно применлив за европските земји“, изјави Песков.

Русија вчера ги извести Турција, Украина и ОН за својот приговор на неговото продолжување. Русија веднаш ќе се врати на спроведувањето на иницијативата штом ќе се исполни нејзиниот руски дел, рече Песков.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно истакна дека условите од договорот не се почитувани, и покрај напорите на ОН, бидејќи западните земји немаат намера да ги исполнат своите ветувања. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Киев се надева оти ќе продолжи со испорака на жито преку Црното Море, без учество на Русија, а Киев чека официјална потврда за подготвеноста од ОН и Турција.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години