Утрински Весник
Македонија

Левица: Жителите сложно го отфрлија „коригираниот” предлог ДУП на Муцунски

Левица: Жителите сложно го отфрлија „коригираниот” предлог ДУП на Муцунски

„Презентацијата на вториот предлог ДУП за населба Лисиче помина неславно. Жителите сложно го отфрлија „коригираниот” предлог ДУП кој го понуди Тимчо Муцунски и општина Аеродром, кој е изменет само естетски, но не и суштински“, велат од Левица.

dobivaj vesti na viber

„Високите згради, кои се главна пречка на жителите од населба Лисиче и кои ќе попречуваат проток на воздух низ населбата, и понатаму остануваат во новиот предлог ДУП. Дали со овој нов предлог ДУП градоначалникот Тимчо Муцунски покажува дека е тесно поврзан со фирмата Голден Арт, која треба да ги гради зградите, и дали сака да ги изигра жителите од населба Лисиче“, прашуваат од Левица.

За да се реши проблемот со спорниот предлог ДУП, советниците на Левица во општина Аеродром предлагаат Советот на општина Аеродром преку гласање да ги избрише постоечките маркици за зградите, исто како што се направи и за новиот парк кај трговскиот центар „ЛИСА”, со што ќе се излезе во пресрет на жителите од населба Лисиче и нема да им се наруши квалитетот на животот.

Можете да прочитате

Исплатата на Мој ДДВ во тек, досега исплатени 552 милиони денари

Поминуваат каде ќе стигнат со телефон на уво или слушалки – Летаат казни за пешаци

Пожар во куќа во Кочани, во болница завршија мајка и ќерка