Утрински Весник
Македонија

ЗНМ: Осуда за физичкиот напад врз снимателот на ТВ24 Иван Камчев

ЗНМ: Осуда за физичкиот напад врз снимателот на ТВ24 Иван Камчев

Здружението на новинарите на Македонија – ЗНМ остро го осудува вербалниот и физички напад врз снимателот на ТВ 24 Иван Камчев при што напаѓачот ја оштетил опремата.

dobivaj vesti na viber

– Колегата Камчев враќајки се од денешно снимање со колега од МРТВ на патот Градско-Прилеп кај Росоман се биле биле сведоци на сообраќајна несреќа. Во обид да го документираат настанот снимателот Камчев бил вербално, а потоа и физички нападнат при што му била оштетена неговата опрема, велат од Здружението.

Во телефонски разговор веднаш по немилиот настан, колегата Камчев го пријави случајот во ЗНМ и изјави:

„Само што почнав да снимам инсерти, лицето се доближи до мене почна да вика предавници новинари, само некакви права барате и ни се обрати со погрдни зборови. Неколку пати замавна по мене и еднаш успеа да го погоди сталакот и ја оштети камерата.“

Случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи СВР Велес од каде веднаш по пријавата се преземени мерки за расчистување на случајот.

Од ЗНМ велат дека ќе ја следат истрагата и ќе инсистира на одговорност од страна на лицето кое физички го нападнал снимателот Камчев и го спречил физички да ја изврши својата професионална работа.

– Потсетуваме дека напад на медиумски работник при вршење на професионални задачи е кривично дело каде што МВР и ОЈО имаат обврска да постапуваат по службена должност. Бараме од МВР и ОЈО да спроведат брза и ефикасна истрага во интерес на пронаоѓање и санкционирање на напаѓачот, додаваат од МВР.

Можете да прочитате

Николоски: Се надевам во новиот бран на оптимизам за проширување дека неколку поголеми и помоќни земји на ЕУ ќе се согласат и ќе извршат притисок врз Бугарија да не нè блокира

Николоски: Кога бевме опозиција отворив толку корупциски случаи, не може ова правосудство да не може да процесуира ништо

Битиќи: Власта ја ограничува мобилноста на граѓаните со високи трошоци за зелен картон