Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

(Видео) Момче фати риба трипати поголема од него: еден час се борел со рибата тешка 116 килограми

(Видео) Момче фати риба трипати поголема од него: еден час се борел со рибата тешка 116 килограми
300x250 opst2

Јаким Азопарди улови риба поголема од личните рекорди на многу риболовци иако има само 11 години.

dobivaj vesti na viber

Азопарди имал импресивен улов во водите кај Кејп Отвеј во Австралија кога ловел со својот татко Метју и нивниот пријател Филип Пирот.

Јаким сам се борел со рибата од почеток до крај и тоа траело околу еден час. Татко му и пријателот на крајот му помогнале да ја извлече рибата од водата.

Атлантската туна синоперка, што ја фатил Јаким, тежела 116,5 килограми, што е неколкупати потешка од момчето.

„Таа беше поголема од мене. Уште ме болат рацете“, изјави момчето.

Метју Азопарди додаде дека уловот на син му е најголемата риба што ја донел на бродот.

Можете да прочитате

Октомври е месец на туршија: Подгответе ја по рецепт стар илјадници години

Денес се празнува Светиот апостол Кодрат

Љубовен мир и заборавено богатство денес: Дневен хороскоп (04.10.2025)