Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Американец без дозвола влегол во Северна Кореја и веднаш бил приведен

Американец без дозвола влегол во Северна Кореја и веднаш бил приведен
300x250 opst2

Американски државјанин без дозвола преминал од Јужна во Северна Кореја, соопшти денеска американската команда во тој азиски регион.

dobivaj vesti na viber

Се вели дека тој шетал во Заедничката безбедносна област (ЈСА), погранично село во демилитаризираната зона што ги раздвојува двете земји, а потоа влегол во Северна Кореја без дозвола, објави „Скај њуз“.

„Американски државјанин во областа ЈСА, без дозвола, премина во Северна Кореја. Веруваме дека моментално е задржан во притвор и работиме со нашите јужнокорејски воени партнери за да го решиме инцидентот“, објави американската команда на „Твитер“.

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори