Утрински Весник
Економија

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара намалување на ДДВ на струјата на 5% и 0% за основните прехранбени производи

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара намалување на ДДВ на струјата на 5% и 0% за основните прехранбени производи

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија со два предлози на денешната собраниска седница. Бараат намалување на ДДВ за електрична енергија од 19% на 5% и намалување на ДДВ за основните прехранбени производи од 5% на 0%.

dobivaj vesti na viber

„Владата во текот на оваа година два пати го покачи ДДВ-то за електрична енергија, најпрво во јануари од 5 на 10% и сега од 1 јули од 10 на 18%. Во изминатите три години, СДС и ДУИ преку Регулаторна комисија за енергетика ја покачија цената на струјата за 50-тина проценти.

Овие покачувања се резултат на недомаќинското, нестручно и криминално работење на владината коалиција со државните енергетски компании ЕСМ и МЕПСО“ обвини пратеникот Бојан Стојаноски.

Тој рече дека како партија предлагаат намалување на давачките за храна кон државата, а дека СДСМ предлага зголемување.

„Ние бараме да не се плаќа ДДВ, за побрзо да се симне инфлацијата, а власта предлага зголемување на ДДВ за над 4.000 прехранбени производи за да прибере денар повеќе. Поголемо ДДВ ќе значи инстантно зголемување на цените и нов удар по потрошувачката кошничка. Власта се уште ја крие целосната листа на овие т.н. ексклузивни производи, но ајде нека кажат колегите од мнозинството што е ексклузивно во бисквити.

За да нема забуни, особено кај колегите од СДС кои се повеќе се чувствуваат измамени од ДУИ, по којзнае кој пат бараме веднаш, уште пред гласањето да се објави листата на производи кои државата ќе ги поскапи“ рече Стојаноски.

Тој ја обвини власта дека нејзините економски политики доживуваат крах. Вели дека Македонија е една од земјите со највисока инфлација во Европа, а најнизок економски раст.

„Бројот на граѓани кои се под прагот на сиромаштија секојдневно се зголемува, а власта зголемува даноци. ДУИ и СДС собираат арач за да можат да уживаат уште повеќе во своите благодети додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај“ посочува Стојаноски.

Можете да прочитате

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

Промоција на бизнис подкаст на Бранко Азески и на публикации „Стратешки документи на Комората“ и „Нов договор за економски развој“