Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Стојаноска: СДС и ДУИ со нов штетен закон подметнуваат темпирана бомба за здравјето на граѓаните

(Видео) Стојаноска: СДС и ДУИ со нов штетен закон подметнуваат темпирана бомба за здравјето на граѓаните
300x250 opst2

Според Дафина Стојаноска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, владата предводена од СДС и ДУИ продолжува со уништувањето, наместо со унапредувањето, на здравјето на граѓаните.

dobivaj vesti na viber

Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, кој повторно се поднесува по скратена постапка, Владата, како што истакнува Стојаноска, преку пратениците на владејачкото мнозинство подметнува темпирана бомба за граѓаните.

„Конкретно, измените на законот се состојат од префрлање на надлежноста од Дирекцијата за јонизирачко зрачење на Институтот за јавно здравје, само за депонии за нуклеарен отпад.

Оттука, бараме некој од предлагачите да ни образложи дали Институтот за јавно здравје поседува соодветен кадар кој би работел на оваа проблематика, соодветна апаратура за мерење на зрачењето, односно емисиите од тие депонии и контаминацијата на почвата, и зошто се префрлаат ингеренциите од Дирекцијата, каде постои ваков компетентен кадар.

Се поставува и прашањето – Зошто, ако веќе законски е забранет увоз на радиоактивен отпад, на сред лето се предлагаат вакви измени!?

Овде мора да има некоја замка, во спротивно би се одело на широка дебата, на редовна постапка и на консултација и информација на целата македонска и експертска јавност“, вели пратеничката.

Оценува дека не е прв пат власта да подметнува вакви сомнителни законски решенија. Поради ова но и поради загриженоста за јавното здравје кое е загарантирано со Устав, бараат или повлекување на предлогот по скратена постапка или како што велат, нема лесно да дозволат да помине „сомнителното законско решение“.

Можете да прочитате

Филипче од Берово: Мицкоски бара трпение преку спотови на телевизија, но тоа е само алиби за неуспехот

Дрска кражба на мобилен телефон, Обвинителството откри детали

Фамилијарни листи за советници на ЗНАМ: На листата во Струга цели фамилии со се братучеди и баџанаци