Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Софија Вергара и Џо Манганиело се разведуваат по 7 години брак

Софија Вергара и Џо Манганиело се разведуваат по 7 години брак
Img 7972

Софија Вергара и нејзиниот сопруг Џо Манганиело решија да тргнат по свој пат по седум години брак, потврдија извори за „Пипл“.

dobivaj vesti na viber

Актерката од „Модерна фамилија“ (51) се омажи со Џо (46) на раскошна церемонија на Палм Бич во ноември 2015 година, но парот сега соопшти дека донел тешка одлука за разделба и побара приватност.

„Донесовме тешка одлука да се разведеме. Како двајца луѓе кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, учтиво молиме да се почитува нашата приватност во овој момент додека поминуваме низ оваа нова фаза од нашиот живот,“ вели парот во заедничка изјава.

Веста доаѓа откако Вергара беше забележана како го прославува роденденот во Италија без Манганиело.

Софија, која со првиот сопруг Џо Гонзалес има 31-годишен син Маноло, го прослави својот 51. роденден во Италија со пријателите, без Џо и без нејзиниот венчален прстен, пренесуваат американски таблоиди.

„Софија и Џо веќе некое време се оддалечуваат еден од друг за да размислат за својата иднина,“ извор изјави за магазинот.

Двојката последен пат беше видена заедно минатиот месец во Хобокен, Њу Џерси, кога Софија го посети сопругот актер на снимањето на неговиот нов проект „Нонас“.

Можете да прочитате

Едноставна вежба открива многу: ако можете да ја направите по 45-годишна возраст вие сте во одлична форма

Пет навики што покажуваат дали сте на вистинскиот пат како родител

Дали „бјути слип“ е само мит или навистина треба да си легнуваме на време