Утрински Весник
Македонија

Не само за Иловица, 86 концесии ДПМНЕ има потпишано за рудници, велат од СДСМ

Не само за Иловица, 86 концесии ДПМНЕ има потпишано за рудници, велат од СДСМ

Во време на зенитот на режимот, ДПМНЕ и Никола Груевски дадоа концесии за рудникот Иловица, но и други 85 концесии за рудници низ целата држава, соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Одлуката пак за рудникот Иловица, беше донесена на 16 јуни 2012 година, потпишана од соработникот на Мицкоски, Зоран Ставревски и објавена во Службен весник истиот месец 2012 година. Истата година, општините Општина Босилово и Општина Ново Село во тоа време раководени од градоначалници од ДПМНЕ, носат одлуки за отворање на рудник.

Ветувањето за рудници и концесиите беа и едно од главните ветувања на ДПМНЕ и Груевски на парламентарните избори во 2016 година. Во тој период Мицкоски беше советник за енергетика на криминалецот во бегство, Никола Груевски. Затоа, денес кога Мицкоски зборува нешто различно, прво лаже, а второ тоа е врв на лицемерие“ додаваат од партија.

Според владејачката партија, заради лошите и популистички одлуки на ВМРО-ДПМНЕ државата е сега ставена во судски лавиринти со години.

СДСМ од прв ден бил против тие рудници и кога ДПМНЕ и Груевски дадоа 86 концесии за рудници СДСМ беше силно против, порачаа од партијата.

Можете да прочитате

Штерјова: Сè е фарса, ја пуштија Михаилова сега глумат дека ја бараат – Мицкоски го штити Тошковски

Левица: ДПМНЕ одби клучни амандмани за скандалозните измени на Законот за животната средина

Кои средношколци ќе го освојат милионот? Започна натпреварот за најдобра бизнис-идеја