Утрински Весник
Свет

Зеленски го повика Гутереш:„Мораме без Русија“

Зеленски: Не ни се заканува инвазија од Белорусија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, телефонски разговараше со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, за обновувањето на снабдувањето со храна преку Црното Море.

dobivaj vesti na viber

Претходно, Зеленски рече дека Киев се надева дека ќе продолжи со испорака на жито преку Црното Море без учество на Русија, како и дека чека официјална потврда за подготвеноста на ОН и Турција.

Русија вчера ги извести Турција, Украина и ОН дека се противат на продолжување на договорот за жито.

Тоа значи повлекување на руските гаранции за безбедноста на пловидбата и стеснување на поморскиот хуманитарен коридор во северозападниот дел на Црното Море. За оваа област е вратен режимот привремено опасен за пловидба.

Без учество на Русија, од денеска ќе престане да функционира Црноморската иницијатива за жито.

Можете да прочитате

Украина изврши напад врз складиште за потрошено нуклеарно гориво

Иран во писмо до ОН ги нарече американските санкции „економски тероризам“

Уште еден нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина