Утрински Весник
Свет

Силно невреме го зафати Њујорк, порои носат сѐ пред себе: откажани над 1.600 лета, штетата е 50 милиони долари

Силно невреме го зафати Њујорк, порои носат сѐ пред себе: откажани над 1.600 лета, штетата е 50 милиони долари

Повеќе од 1.600 лета беа откажани на три главни аеродроми, во Њу Џерси и на аеродромите „Џон Ф. Кенеди“ и „Ла Гвардија“, поради силните дождови и поплавите што го погодија Њујорк.

dobivaj vesti na viber

Најмногу летови се откажани во Њу Џерси, каде што околу 30 отсто од сите планирани летови доцнеле, а патниците, кои успеале да слетаат, го чекале багажот повеќе од два часа, додека на многу патници им се загубил багажот, пишува „Њујорк пост“.

На аеродромот ЏФК откажани се 331 лет, а на „Ла Гвардија“ – 281.

Невреме со грмотевици, силен дожд и поплави во неделата погодија поголем дел од поширокото подрачје на Њујорк, а Националната метеоролошка служба издаде предупредување за поплави во делови од Квинс и Бронкс во попладневните часови.

Дождот и последователните поплави убиле еден њујорчанец и предизвикале штета од речиси 50 милиони долари.

Можете да прочитате

Над 160 лица загинаа во поплавите во Азија

Европол заплени осум милиони штетни играчки

САД трајно ќе ја запрат имиграцијата од „земјите од третиот свет, најави Трамп