Утрински Весник
Македонија

Родилката Крстевска од Битола објави фотографија со модринки и гребаници: Ова беше моето „ненасилно“ породување

Родилката Крстевска од Битола објави фотографија со модринки и гребаници: Ова беше моето „ненасилно“ породување

Родилката Викторија Крстевска од Битола, чие бебе почина кусо по раѓањето во битолската болница пред три месеци, јавно ѝ даде поддршка на 21-годишната родилка, која вчера, во истата болница, роди мртво бебе. Крстевска уште еднаш побара одговорност за случувањата во болницата и повика на заедништво за да се стави крај на таквите случувања во болницата.

dobivaj vesti na viber

Заедно со повикот и поддршката Крстевска објави и фотографија, на која се гледа труднички стомак со модринки и гребаници.

„Да, ова беше моето ‘ненасилно’ породување. Доста е! Нема да молчиме!“, напиша Крстевска на „Фејсбук“.

Таа е згрозена од речникот на болницата, од каде што изјавија дека мртвороденото бебе на 21-годишната родилка било извадено со царски рез, немалтретирано.

Во април годинава во болницата во Битола лекарите ја породија Викторија, но бебето почина кусо време по раѓањето. Вонредниот инспекциски надзор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат утврди недостатоци при третманот на родилката, но од административна природа, за што најавени беа парични прекршочни казни. По смртта на новороденчето, тогашниот директор на болницата во Битола, доктор Александар Обедниковски, си поднесе оставка од морални причини.

Адвокатот на Крстевска, Јанаки Митровски, пред две недели објави дека лекарите кои ја породиле сакаат вината да ја префрлат на гинекологот кој и ја водел бременоста и не учествувал во породувањето. Адвокатот се сомнева  дека сестрите кои давале искази во Обвинителството се подготвувани оти дале ист исказ, од збор до збор. Единственото нешто од кое е задоволен е коректната вонредна инспекција на Министерството за здравство, каде што се детектирани серија недостатоци, грешки, недостиг на опрема или нејзина неисправност, како и непочитување протоколи и процедури од страна на болницата и лекарите.

Во март годинава, во истата болница почина и петгодишната Јана Христовска откако прими инфузија. Нејзините родители низ судскиот систем се обидуваат да докажат дека се работи за лекарска грешка.

Можете да прочитате

Шекеринска ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во чест на историскиот успех

Македонски автобус вечерва се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Мицкоски: Се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција од банките, целта е што пониска камата за бизнисот