Утрински Весник
Македонија

Герасимовски: Секоја недела килограм овошје од прва класа за сите деца запишани во градинка

Герасимовски: Секоја недела килограм овошје од прва класа за сите деца запишани во градинка

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски заедно со министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ја посетија градинката „Кочо Рацин“, објект „Панорама“ од каде ја стартуваат кампањата на МЗШВ „Здрав оброк за секое дете“. Општина Центар е првата општина која покрена иницијатива за здрави оброци во градинките и училиштата.

dobivaj vesti na viber

„Овошјето е неизбежна ужинка за сите деца во развој. Токму затоа ме радува што дечињата ќе јадат проверени и безбедни домашни овошја од прва класа произведени во нашите овоштарници и од нашите земјоделци. Мило ми е што кампањата „Здрав оброк за секое дете“ започнува од наша центарска градинка и што при делењето дечињата се запознаат со витамините на овошјата и бенефитот од нивното конзумирање. Важно е овошјето и зеленчукот да бидат вклучени во секојдневното детско мени уште од рана возраст. И ние токму тоа се обидуваме да направиме, да стекнеме здрави навики за здрава и квалитетна исхрана за дечињата“ , изјави Герасимовски.

Проектот „Здрав оброк за секое дете“ во Општина Центар се реализира втора година по ред преку програмата на МЗШВ и партнерство на МТСП за поддршка на откупот за овошје, зеленчук, млеко и млечни производи произведени од земјоделците. Преку овој проект секое запишано детенце во градинка еднаш неделно ќе добива по еден килограм македонско овошје, кајсии, праски, сливи, круши и јаболки од прва класа.

Покрај делењето на здрави оброци за дечињата во објектот „Панорама“ во градинката „Кочо Рацин“, беше организирана и креативна работилница во која градоначалникот Герасимовски и министрите Николовски и Тренчевска подготвуваа разни производи од овошје.

Можете да прочитате

Вработен во ЕВН заврши во болница – скопјанец го нападнал со тврди предмети додека извршувал работни задачи

Тимови од АХВ спроведуваат вонредни контроли во кујните на девет основни училишта во Карпош

Уште три деца од ОУ „Димо Хаџи Димов“ примени на Клиниката за детски болести