Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Спојувањето на концесиите за рудниците во Иловица е криминал, велат од Демократскиот сојуз

Спојувањето на концесиите за рудниците во Иловица е криминал, велат од Демократскиот сојуз
Img 7972

Демократскиот сојуз смета дека спојувањето на концесиите за рудниците во Иловица е тежок криминал и за тоа мора да се понесе одговорност.

dobivaj vesti na viber

„Владата на предлог на министерот за економија донела едногласна одлука за спојување на концесиите на рудниците во Иловица, наводно по барање на инвеститорите од 2016 година. Дилемата е дали министрите од СДСМ биле изманипулирани од министрите на ДУИ или немале храброст да се спротивстават.

Како и да е, одлуката е во корист на инвеститорот, но поради отпорот на жителите од Иловица и пошироко, СДСМ ретерира и се обидува да се извлече од овој скандал и криминал.

По седум години на власт, да не се направи ништо за поништување на концесијата, тука да се развлекува и на крај да се спојат концесиите, само ја потврдува констатацијата дека Владата е во „лимбо“ и без кормилар“ велат од партијата.

Оттаму додаваат дека крајот на овој скандал ке го платат граѓаните или со здравјето или со парите кои тешко ги заработуваат.

Можете да прочитате

47-годишен Србин починал во Катланово

Нов случај во Скопје каде заталкан куршум оштети возило, овој пат во Кисела Вода во круг на фирма

По расправија за направена сообраќајка, 19-годишник избодел сограѓанин, па се обидел да избега од државата