Утрински Весник
Спорт

Симиќ во идеалната петорка на ЕП, МВП е Чехот Свец

Симиќ во идеалната петорка на ЕП, МВП е Чехот Свец

Теодор Симиќ, центарот на македонската У-20 репрезентација, се најде во идеалната петорка на Европското првенство Б-дивизија, кое во изминатите две недели се играше во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Симиќ на турнирот го заврши со речиси дабл-дабл учинок, имаше просек од 16 поени и 9,1 скок. Македонија, синоќа не успеа да ја освои титулата, доживеа пораз во финалето од Чешка. Сепак со пласманот во финалето младите македонски кошаркари изборија место во А-дивизијата.

Покрај Симиќ во идеалната петорка се најдоа Чесите Ондреј Свец и Ондреј Хустак, Швежанецот Феликс Бростом и Олександр Кобзистји од Украина.

За МВП на турнирот е прогласен Ондреј Свец, со просек од 12,1 поен, шест скока, четири асистенции и 1,4 украдени топки.

Фото/ fiba.basketball/europe

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина