Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Концесиите за Иловица се дадени од ДПМНЕ и Груевски, од прв ден сме против, велат од СДСМ

ДОМ: Владата да не дозволи рудник во Иловица
Img 7972

Концесиите за рудникот Иловица се дадени во 2012 и 2013 година од страна на Влада на ДПМНЕ и Никола Груевски, на кого Христијан Мицкоски му беше советник, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

– Одлуката е донесена на 16 јуни 2012 година, потпишана од соработникот на Мицкоски, Зоран Ставревски и објавена во Службен весник истиот месец 2012 година. И општините во тоа време раководени од градоначалници од ДПМНЕ, Општина Босилово и Општина Ново Село носат одлуки за отворање на рудник, се наведува во соопштението на СДСМ.

Тие обвинуваат дека кога Мицкоски зборува нешто различно, „прво лаже, а второ тоа е врв на лицемерие“.

„Заради тие одлуки на ДПМНЕ државата е сега ставена во судски лавиринти со години. СДСМ од прв ден бил против тие рудници. Кога лично шефот на Мицкоски, Никола Груевски во 2016 година најавуваше отворање на 10 рудници во југоисточниот регион, СДСМ беше против“, додаваат од владејачката партија.

Можете да прочитате

Запленета дрога на автопатот Скопје-Велес

Хеско: ДПМНЕ не направи ништо за Велес, време е да им го вратиме градот на граѓаните

Филипче од Велес: Борбата на СДСМ е за достоинствен живот на работниците, на младите и пензионерите