Косово купи серија беспилотни летала „Бајрактар“ од турско производство, изјави денеска премиерот Албин Курти, во време кога се соочува со немири на северот на земјата.
Во објавата на Фејсбук на која тој и министерот за одбрана се прикажани пред беспилотно летало, Курти рече дека најновото одбранбено купување ја прави земјата побезбедна.
Тој не го кажа бројот на беспилотни летала, ниту за што ќе се користат.
Беспилотните летала „Бајрактар“ своето глобално признание го должат на фактот што украинската армија ги користеше против руските сили.
„Косово сега е уште побезбедно и секогаш гордо“, рече Курти, додавајќи дека неговата влада го зголемила бројот на војници за 80 отсто, а буџетот за одбрана за повеќе од 100 отсто во последните две години.