Утрински Весник
Свет

17 годишно момче избодено до смрт по роденденска забава во Лондон

17 годишно момче избодено до смрт по роденденска забава во Лондон

17-годишен тинејџер бил избоден до смрт по роденденска забава во северозападен Лондон, пренесуваат медиумите.

dobivaj vesti na viber

Во инцидентот што се случи синоќа околу 23 часот и 30 минути по локално време, повреден е и негов врсник, како и една девојка на возраст од дваесет години која се здобила со повреда на раката.

„Претпоставуваме дека дошло до тепачка по роденденска забава на која учествувале повеќе лица“, објави главниот инспектор Марк Роџерс од Метрополитен полиција и ги повика сите присутни да контактираат со полицијата и да објаснат што точно се случило.

„Работиме со колегите од сите релевантни институции за да ја спроведеме и решиме истрагата што е можно побрзо и темелно“, рече главниот инспектор Ден Ноулс, шеф на командата во северозападен Лондон.

Можете да прочитате

Украина им дозволи на мажите на возраст од 18 до 22 години да ја напуштат земјата за првпат од почетокот на војната

Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон

НАТО распореди германски борбени авиони поради руско присуство во Балтичкото Море