Утрински Весник
Спорт

Скупски и Колхоф ја освоија титулата на Вимблдон во машки двојки

Скупски и Колхоф ја освоија титулата на Вимблдон во машки двојки

Британскиот тенисер Нил Скупски и Холанѓанецот Весли Колхоф го освоија трофејот на Вимблдон во конкуренција на машки двојки.

dobivaj vesti na viber

Тие во финалето во Лондон ја совладаа шпанско-аргентинската двојка Марсело Гранољерс и Хорасио Себаљос со 2:0, по сетови 6:4, 6:4.

Натпреварот траеше еден час и 18 минути. Скупски и Колхоф направија по еден брејк во секој сет и ја освоија својата прва заедничка Грен слем титула.

Нивните противници имаа само една брејк точка која не ја искористија.

Скупски стана само вториот британски тенисер во опен ерата кој ја освоил титулата во машки двојки на Вимблдон, по Џонатан Мареј во 2012 година.

„Ова чувство не може да биде подобро од ова“, изјави Скупски.

Гранољерс и Себаљос по трет пат играа во финале на Грен слем и се уште се без титула, беа поразени Ју-ес опен во 2019 година и на Вимблдон во 2021 година.

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет