Утрински Весник
Спорт

Анчелоти ќе ја менува формацијата – Модриќ и Крос нема да бидат стартери

Анчелоти ќе ја менува формацијата – Модриќ и Крос нема да бидат стартери

Карло Анчелоти ги потврди медиумските шпекулации дека во новата сезона Реал Мадрид ќе игра во нова формација. Италијанскиот тренер реши да ја напушти формацијата 4-3-3 и да проба некои други варијанти во пресрет на новата сезона. Шпанските медиуми шпекулираат дека тоа треба да биде формација 4-4-2, во која акцентот би бил ставен на моќниот среден ред.

dobivaj vesti na viber

Анчелоти има голема ширина во средниот ред. Заедно со ветераните Лука Модриќ (38) и Тони Крос (33), тука се Федерико Валверде (24), Едуардо Камавинга (20), Аурелиен Чуамени (23), Дани Себаљос (26), Арда Ѓулер (18), Брахим Дијаз ( 23) и Џуд Белингам (20). Анчелоти планира да игра со четворица играчи од средниот ред.ж

Анчелоти ги гледа Чуамени или Камавинга пред одбраната, а Камавинга на левата страна од средниот ред. Десно може да се најде Белингем, а пред нив Валверде, според Шпанците. Тоа значи дека Модриќ и Крос би можеле да ги загубат стартните позиции.

„Мора да се обидеме да најдеме нов стил на игра. Можна е промена на формацијата“, изјави италијанскиот тренер за шпанските медиуми.

Анчелоти откри дека повеќе нема да го користи Камавинга на позицијата лев бек, туку ќе го врати во средниот ред. Покрај тоа, Реал Мадрид и Анчелоти го гледаат Чуамени како еден од клучните играчи во новата сезона, а на претстојната турнеја во САД, Реал ќе игра во нова формација.

Можете да прочитате

Македонија вечерва против Турција на ЕП

Оклахома поуспешна од Лејкерс за четврта победа во низа

Усик ќе заработи 114 милиони долари за реванш со Фјури