Утрински Весник
Македонија

Ќе се испитува несреќата во Шипковица каде ѕид падна и усмрти двајца работници

Загинаа двајца работници, изведувале градежни работи во тетовско Шипковица

Јавен обвинител од ОЈО Тетово изврши увид на лице место во Шипковица, каде при изградба на потпорен ѕид вчера загинаа двајца работници.

dobivaj vesti na viber

Издадена е наредба за обдукција на телата на починатите, а јавниот обвинител нареди да се обезбеди и целокупната документација од правниот субјект кој ги ангажирал работниците, како и документацијата од општината поврзана со изградбата на ѕидот. На лице место беше повикан и Државниот трудов инспекторат, кој ќе изготви извештај.

„Во насока на утврдување на причините и проверка на целиот настан, се испитуваат повеќе лица“, велат од обвинителството.

Вчера врз две лица кои изведувале градежни работи во тетовското село Шипковица паднал ѕид при што се здобиле со тешки телесни повреди од кои починале.

Загинатите се 63-годишниот А.А. од тетовското село Селце и 50-годишниот Џ.Ц., државјанин на Република Албанија.

Можете да прочитате

Јанев: Полицијата е партнер на граѓаните, обврска и задача е да им служи а не да владее

ВМРО-ДПМНЕ: Разбирлива е реакцијата на ДУИ за интерпелација на Тошковски, бидејќи сценарието за насилство и меѓуетнички тензии им е откриено

КОН МАКЕДОНИЈА ДОАЃААТ НОВИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ: Ќе врне дожд, снег и ќе има ново големо зголемување на снежната покривка!