Утрински Весник
Свет

Украинците ќе го слават православниот Божиќ на 25 декември

Украинците ќе го слават православниот Божиќ на 25 декември

Украинскиот парламент денеска гласаше за промена на датумот на православниот Божиќ од 7 јануари на 25 декември. Целта на предлог-законот поднесен од претседателот Володимир Зеленски е „оддалечување од руското наследство“.

dobivaj vesti na viber

Две од трите големи цркви со православен статус веќе одлучија да се префрлат на грегоријанскиот календар. Во 2017 година 25 декември е прогласен за неработен ден. Од друга страна, најголемата Украинска православна црква, со долгогодишни врски со Москва, се уште не ја коментирала промената.

И оваа година таа ги прослави празниците според јулијанскиот календар, кој го користи Русија. Од руската анексија на Крим во 2014 година, Украина се обидува да ги прекине врските со своето советско и руско минато. Сеопфатната инвазија на Украина пред 16 месеци ги интензивираше тие напори.

Можете да прочитате

Зеленски: Украина има потреба од 700.000 тони дизел и бензин месечно

Џеј Ди Венс: Ќе објавиме досиеја за вонземјани, верувам дека тоа се демони

САД уништиле само една третина од ракетниот арсенал на Иран?