Утрински Весник
Свет

ОН: Годинава 289 деца загинаа во Средоземното Море

ОН: Годинава 289 деца загинаа во Средоземното Море

289 деца ги загубија животите во првите шест месеци од 2023 година обидувајќи се да стигнат до Европа преку Средоземното Море, што е значително зголемување, соопштија ОН.

dobivaj vesti na viber

Оваа бројка е двојно поголема отколку во првите шест месеци од 2022 година, додаде УНИЦЕФ, повикувајќи на воспоставување безбедни хуманитарни коридори кои ќе им овозможат на децата да се засолнат во Европа.

„Бројот на деца кои ги загубија животите обидувајќи се да го преминат Средоземното Море во Европа се удвои во првата половина од годината во споредба со истиот период минатата година“, рече шефицата на УНИЦЕФ за миграција и раселени лица, Верена Кнаус.

„Проценуваме дека на тој начин поминале 11.600 деца во првите шест месеци од оваа година, што е двојно повеќе од истиот период во 2022 година“, додаде таа.

Според УНИЦЕФ, во првите три месеци од 2023 година, околу 3.300 деца на таа рута – 71 отсто од вкупниот број – биле без придружба или одвоени од нивните семејства. Тоа е три пати повеќе отколку во истиот период лани.

„Овие деца мора да знаат дека не се сами. Лидерите на целиот свет мора веднаш да реагираат“, изјави Верена Кнаус.

Европратениците во четвртокот повикаа на усвојување „безбедна и трајна стратегија за пребарување и спасување“ на мигрантите во Средоземното Море, откако брод потона крај грчкиот брег во средината на јуни, при што веројатно загинаа повеќе од 600 луѓе.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk