Утрински Весник
Свет

(Видео) Бајден повторно се сопна додека се качуваше по скалите на авионот

Бајден: Едвај чекам Шведска да стане членка на НАТО

Американскиот претседател Џо Бајден вчера повторно се сопна додека се качуваше на Ер Форс 1.

dobivaj vesti na viber

80-годишниот Бајден за малку ќе паднеше додека се качуваше по скалите на авионот во Хелсинки, Финска, кога направи погрешен чекор, пишува „Њујорк пост“.

Инцидентот се случи на меѓународниот аеродром Хелсинки-Вантаан, од каде долета до аеродромот во Мериленд по посетата на претседателот на Финска, каде што беше по дводневниот самит на НАТО во Литванија.

Минатиот месец американскиот претседател се повреди во Колорадо, каде се сопна од вреќа со песок за време на церемонијата.

Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, им изјави на новинарите дека не знаела за донесените одлуки за тоа кои скали Бајден ќе ги користи кога ќе се качува на Ер Форс 1.

Претходните претседатели ги користеа пократките скали само во случај на лошо време.

Лекарот од Белата куќа, Кевин О’Конор, во извештај на пет страници рече дека Бајден има проблеми со одењето поради артритис на ‘рбетот, благ артритис на стапалата по фрактура и блага сензорна периферна невропатија во стапалата.

Најстариот претседател во историјата на САД вчера ја напушти Европа, по една недела полна со гафови, во кои ја нарече исландската премиерка Катрин Јакобсдотир ирска ќерка, го нарече Владимир украинскиот претседател Володимир Зеленски и ја прескокна воведната вечера на самитот.

Можете да прочитате

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури

Еден загинат, 11 повредени во судар на воз и туристички автобус во Русија

Поради екстремната жештина во Португалија за една недела умреа речиси 300 лица