Утрински Весник
Магазин

САГ-АФТРА стравува дека дигиталните двојници се закана за холивудските актери

САГ-АФТРА стравува дека дигиталните двојници се закана за холивудските актери

Како заплет од антологиската ТВ-серија „Црно огледало“ (Black Mirror), Синдикатот на холивудските актери (САГ-АФТРА) тврди дека се бори со студијата за контрола над дигиталните реплики на актерите, кои би можеле да се користат до крајот на вечноста.

dobivaj vesti na viber

Студијата возвраќаат дека понудиле револуционерна заштита од злоупотреба на фотографии.

Вештачката интелигенција (AI) стана чувствително прашање за филмските и телевизиските актери, кои стравуваат дека вештачката интелигенција може да се користи за удвојување на нивните гласови и ликови. Актерите ги користат своите договори со холивудските студија со цел да воспостават контрола врз тоа како овие дигитални симулации се користат на екранот.

Тоа беше една од неколкуте спорни точки во преговорите за постигнување компромис со холивудските студија, кои завршија без договор.

Алијансата на филмскитре и телевизиските продуценти (AMPTP), групата што преговара во име на „Волт Дизни“, „Нетфликс“ и другите големи студија и стриминг-сервиси, соопшти дека се согласила на револуционерен предлог за вештачката интелигенција, што ќе го заштити дигиталниот лик на актерите.

Таквата заштита, забележаа студијата, ќе вклучува добивање согласност од актерот за создавање и користење дигитална реплика или дигитална промена на нивни изведби.

Главниот преговарач на САГ-АФТРА, Данкан Кребтри-Ајрленд, се осврна на таквото карактеризирање на прес-конференцијата во четвртокот во Лос Анџелес.

„Тие предлагаат нашите изведувачи во заднина да може да се скенираат, да добијат плата за еден ден, а нивната компанија да го поседува тој скен на нивната фотографија и тоа да може да го користи до крајот на вечноста“, рече Ајрленд. „Значи, ако мислите дека тоа е револуционерен предлог, предлагам да размислите повторно“.

САГ-АФТРА, најголемиот синдикат во Холивуд, кој претставува 160.000 филмски и телевизиски актери, соопшти дека неговите членови ќе стапат во штрајк на полноќ.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста