Утрински Весник
Македонија

Захарова: Вучиќ беше во право

Захарова: Вучиќ беше во право

Во контекст на непримањето на Украина во НАТО, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, го спомена и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

dobivaj vesti na viber

Таа за телевизијата „Русија 24“ изјави дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, не треба да се грижи за тоа што Украина не е примена во НАТО, туку затоа што неговата земја се распадна.

Таа се осврна на изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој го советуваше Зеленски да не се грижи за фактот дека нема конкретен план за влез на Украина во НАТО и додаде дека Западот подготвува „големи и прекрасни работи за Украина на крајот на година“.

„Според мене, тој е во право дека Зеленски веројатно најмалку треба да биде загрижен поради тоа што Украина не е примена во НАТО. Тој има многу други, поважни причини за вознемиреност – тој веќе нема држава, нема народ, нема индустрија, нема производство, нема политички партии, граѓанско општество, воопшто нема слободи“, коментира Захарова.

Можете да прочитате

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи

До петок стабилно и сончево – викендов снег

Мајката-херој се борела со стерилитет, во бракот со сопругот 37 години се труделе да добијат деца