Шкупи оствари убедлива победа (0-5) на гости во Каунас против тимот на Хегелман и со едната нога е во следното коло од Конференциската лига каде го очекува дуел со Левски. Реналдо Цефас беше стрелец на четири гола на овој меч и вистински херој на Шкупи.
Иако беше без услугите на Валид Хамиди, кој не доби влезна виза за Литванија за да отпатува со тимот, сепак, Шкупи покажа класа во пресметката со Хегелман.
Реналдо Цефас во 11.минута го отвори резултатот, а Куевен зголеми на 0:2 во 23.минута. Пред крајот на првиот дел Реналдо Цефас постигна трет гол за Шкупи.
Во второто полувреме, Реналдо Цефас уште двапати ја затресе мрежата, во 56. и во 62.минута, и обезбеди огромен триумф од 0:5.