Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Трајановски до ВМРО-ДПМНЕ: Упајташени сте со криминалци кои ја уништуваат „Комунална“ со децении

Трајановски до ВМРО-ДПМНЕ: Упајташени сте со криминалци кои ја уништуваат „Комунална“ со децении
300x250 opst2

Викендов имаше опсада во Јавното претпријатие „Комунална хигиена“, изјави на сендица на Советот на Град Скопје, заменик градоначалникот, Александар Трајановски.

dobivaj vesti na viber

Тој жестоко се обрати кон советниците од ВМРО-ДПМНЕ, критикувајќи дека опозициската партија правела театар за дневно политички поени.

„Упајташени сте со кримимнални структури што го уништуваат Комунално претпријатие децении наназад“, рече Трајановски.

Обвини дека ВМРО-ДПМНЕ бунтот го договориле на средба со најкриминалната група во „Комунална“ што малтретира вработени.

„Имаше лица што сакаа да излезат да работат и беа претепани од оваа група. Не знам како бастионот на патриотизамот Бутел седнува на маса со банда. Од оваа група со која седи Косотовски има приведени“, рече Трајановски.

Потоа ги нападна ВМРО-ДПМНЕ дека немаат капацитет за ништо друго освен за саботажа и блокада и воопшто не се реформирана партија.

Кажа и дека ВМРО-ДПМНЕ во Водовод за една недела вработиле 200 луѓе.

Претходно на истата седница, и независната советничка во Град Скопје, Ирена Витина обвини дека веќе поранешниот претседател на синдикатот Дарлишта и градоначалникот на Бутел, Костовски плански ја блокирале „Комунална“ за да глумат спасители. Во прилог таа достави и фотографија од средба на која на иста маса седат Костовски и Дарлишта, тврдејќи дека тогаш се договарал бунтот во претпријатието, по доделените откази за лица кои не доаѓале на работа.

Со реакција се јави Костовски, коментирајќи дека некој се обидува да шири лаги од неговите редовни средби со граѓаните на Бутел.

Можете да прочитате

МВР ја потврди тепачката во Виница: Кандидатот за советник е на скопските клиники

Во Маврово над 30 сантиметри снег, вработени во НП Маврово ги чистат паднатите дрвја на коловозите 

30 години од атентатот врз претседателот Глигоров