Утрински Весник
Македонија

Мицкоски пред министрите од Австрија, Чешка и Словачка: Уставни измени по бугарски диктат нема да има

Мицкоски пред министрите од Австрија, Чешка и Словачка: Уставни измени по бугарски диктат нема да има

Денес, делегација на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија, предводена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а во чиј состав беше и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, како и пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за обнова, оствари средба со претставници на три пријателски држави, земји-членки на Европската унија, Н.Е. Александар Шаленберг, Министер за надворешни работи на Австрија, Н.Е. Јан Липавски, Министер за надворешни работи на Чешка и Н.Е. Мирослав Влаховски, Министер за надворешни работи на Словачка.

dobivaj vesti na viber

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија се заблагодарија за посетата на високите гости од Австрија, Чешка и Словачка и се осврнаа на ситуациите во Македонија, а поврзани со Европската унија.

„Министрите истакнаа дека пречка на патот на Македонија кон ЕУ, повеќе и од Бугарија, е корупцијата во највисоките ешалони на власта, невладеењето на правото и злоупотребата на институциите. Беше подвлечена злоупотребата на европското знаменце во Собранието, каде се прави обид закони за игри на среќа и закони на штета на македонските граѓани да се поставуваат во скратена процедура за да се избегне дебата и одговорност пред граѓаните. Понатаму, претставниците ја подвлекоа конструктивната улога која Македонија ја играла во регионот сите изминати години, во сите кризи на Балканот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ за средбата.

Во врска со намерата на власта, како што додаваат од партијата, без вклучување на опозицијата во ниеден дел од преговорите, да протурка низ Собранието уставни промени под ултиматум од бугарска страна, претставниците едногласно го повторија заедничкиот став дека уставни измени под диктат нема да бидат поддржани и дека државата итно треба да се фокусира на завршување на вистински реформи на системот кои ќе значат вистинска европеизација.

Ставот на Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија останува дека европеизацијата на Македонија не смее да значи откажување од основните идентитетски одредници на македонскиот народ, вклучување на билатерални историски прашања во преговори со ЕУ и поигрување со националните чувства на македонскиот народ.

Можете да прочитате

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации 

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри!

Македонска филхармонија го слави јубилејот со концертот „80 години – Љубов!“