Утрински Весник
Македонија
Img 7972

(Видео) Каевски: Со кочењето и блокадите Мицкоски и ДПМНЕ работат против ЕУ и НАТО

(Видео) Каевски: Со кочењето и блокадите Мицкоски и ДПМНЕ работат против ЕУ и НАТО
Img 7972

Со државничките политики на СДСМ, земјава стана членка на НАТО. Ја обезбедивме сигурноста и безбедноста на државата и на сите наши граѓани, истакна на денешната прес-конференција Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Северна Македонија денеска како членка на НАТО и со почнати преговори со ЕУ е фактор на стабилност во регионот и партнер на најсилните земји во светот. Членството во НАТО обезбеди и поддршка за справување со хибридните закани, за јакнење на нашата Армија, но позитивно влијае и во делот на економијата. Обезбедената стабилност и вистинските политики на СДСМ допринесоа да имаме рекорден износ од 750 милиони евра директни странски инвестиции минатата година“, посочи Каевски.

СДСМ, како што рече, е посветена и на остварување и на втората стратешка цел-полноправно членство во ЕУ.

„Кочењето на ДПМНЕ, она кое што го прават во Собранието во однос на блокадите на реформите и во однос на несоработката за стратешки важни прашања како членството во Унијата е директно и активно работење против ЕУ и НАТО. Мицкоски и ДПМНЕ работат против интересот на земјата и одработуваат за туѓи интереси, за земји кои не сакаат да ја видат Македонија во ЕУ.Мицкоски има право да се самоизолира, но нема право да ја изолира државата“, додаде тој.

Според Каевски, Македонија нема време за губење, граѓаните немаат нови години за губење. Оценува дека собраниската процедури и дискусијата за уставните измени коишто се неопходни за продолжување на европскиот пат мора да започне.

Можете да прочитате

Објавено видео од пукањето во Куманово

Поведена истрага во Виница за тешка телесна повреда на едно лице

ДУИ: Остро го осудуваме овој варварски чин на насилство